Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Зголемена посетеноста на спомен-куќите на Кочо Рацин, Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов- Џинот во Велес

– Во текот на 2025 година посетеноста на трите спомен-куќи е околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во текот на 2025 година посетеноста на трите спомен-куќи е околу 4 500 посетители, што е повеќе за илјада посетители споредено со 2024 кога биле околу 3 500. Најголема посетеност, како и во изминатите години има за посета на Спомен-куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Изминатата година се повеќе се зголемувал и интересот и за останатите две спомен-куќи, на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов Џинот, сите сместени во високиот стар дел од Велес.

Како што информираат за МИА од Народен музеј Велес, во овие бројки не се вклучени посетите на припадниците на АРМ  од велешкиот гарнизон и нивните делегации, со кои Музејот има склучено меморандум за соработка, што дополнително подразбира уште најмалку стотина посетители.

Значаен придонес кон зголемената посетеност имала и соработката со основните и средните училишта од Велес и од други градови во земјава, при што спомен-куќите се редовно вклучени во нивните образовни екскурзии, како и за време на одржување на Рациновите средби и Детските Рацинови средби и други манифестации и програми, како и при посетата на странски делегации на Општина Велес.

Реклама

Народниот музеј во Спомен-куќите организира едукативни, како и грнчарски работилници поврзани со културното наследство, наменети за различни возрасни групи, како дел од својата едукативна мисија.

Од  Народниот музеј најавуваат дека оваа практика ќе продолжи и наредниот период,  се со цел дополнително приближување на културното наследство до јавноста.

Спомен-куќите можат да се посетат со претходна најава од еден или два дена во Народниот музеј  на броевите: 075 298 957 и 043 231 434 или на е пошта:[email protected], при што посетата се организира со кустос кој ја води разгледувачката тура.

На новинарското  прашање за одржување, реновирање и санација на спомен-куќите, директорот на Народен музеј Велес Ангел Коруновски појасни дека спомен-куќите се споменици на културата и затоа одговорот на ова прашање е покомплексен.

-Народниот музеј Велес редовно и навремено спроведува минорни интервенции, санации и заштитни мерки,  додека покомплексните активности се реализираат во соработка со Националниот конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство,  а се со цел да се зачуваат историските и културните вредности на објектите, појасни Коруновски.