Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван во североисточниот дел од земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска беше почувствуван во североисточниот дел од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија денеска во 15 часот и 48 минути регистрира земјотрес со епицентар во пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 3.2, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Според првичните податоци, земјотресот бил почувствуван во североисточните делови на земјата, особено во Делчево и Виница, како и во околните населени места, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Реклама

Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат сите кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност на линкот во прилог, со цел обезбедување попрецизни податоци за научните сеизмолошки истражувања или да се јават на телефонскиот број 112.