Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Зеленото претприемништво е иднината и државите мора повеќе да вложуваат во развојот на овој сегмент

Македонските млади имаат и волја, а и знаење за да почнат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските млади имаат и волја, а и знаење за да почнат да ги предводат светски трендовските „зелени“ промени, односно да бидат активни креатори на „зеленото претприемништво“. Она што им треба е само поголем поттик и поддршка од образовните институции, заедницата и државата. Ова беше истакнато на Конференцијата за „Претприемништво и вработливост на младите преку обука за зелени и претприемачки вештини, менторство и промоција на зеленото претпримеништво“, која се одржа во Прилеп.

„Знаеме дека многу млади се имаат иселено, а од оние кои што се останати, ретко кој сака да се занимава со земјоделие…Кај нас треба да се направат регулативи кои ќе им помогнат на младите и ќе ги поттикнат, меѓутоа не само финансиски, туку и едукативно за да се сфати важната улога на земјоделството, бидејќи без земјоделство нема храна, а без храна не може да се опстои и не може една држава да биде независна ако не произведува храна“ – рече Филип Димкоски, дипл. агроном и претприемач.

„Изминативе две години работевме на креирање иновативна платформа за да може младите да пристапат до знаења, а воедно и до менторска поддршка за да започнат свои зеленички претприемачки потфати…Ова ќе значи младите да добиваат и менторски советодавна поддршка, а воедно да ги поврзуваме и со бизнис-заедницата, и со можностите за грантирање за да ги отпочнат своите зелени бизниси“, – посочи Марина Тошеска од ЛАГ „Агро-лидер“.

Реклама

„Алатките ни помогнаа полесно да ги доближиме зелените вештини, зеленото претприемништво и да влијаеме како клучен фактор во подигнувањето на свеста кај учениците за потребата од промена…се’ со цел – заштита на животната средина и биодиверзитетот“ – истакна Ѓорѓија Гагалески, проф.во СОУ „Орде Чопела“, Прилеп.

„Најпрвин е потребна помош од Владата, бидејќи ние како невладина организација ќе ги обучиме, ќе ги тренираме, меѓутоа сепак треба дополнителна поддршка Владата за да може да се оставри нешто и во општините“, – кажа Миугел Ангел Викарио од Шпанија.

Конференцијата е дел од Проектот „Green up yourself“, а поддржан од Програмата „Еразмус+“. На неа учествуваа млади претприемачи од Шпанија, Италија, Кипар, Грција, Словенија и Македонија.