Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

🎥 Зелени инвестиции, шанса за работа – Владата нуди по 250.000 денари за секое ново вработување

Можност за 200 нови вработувања во микро, мали и средни претпријатија кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можност за 200 нови вработувања во микро, мали и средни претпријатија кои ќе обезбедат зелени инвестиции. Ова е само една од деветте мерки на Оперативниот план на Владата за 2025 година за заживување на домашната економија, а чиј Јавен оглас завршува на крајот од месецов. Со оваа мерка државата им овозможува на таргетираните претпријатија по 250.000 денари од вработено лице. Тоа треба да ги намали невработеноста и иселувањето на младите, да ја зголеми продуктивноста на помалите бизниси, но и да ја заштити животната средина, уверува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

   „Тоа е дел од зелената агенда. Значи, се вклопуваме со зелената агенда на ЕУ, односно поддршка на нови производи, технологии, нови машини или сеона што значи заштита на животната средина. Има доста голем интерес…Инаку, самата конкретна мерка значи и поддржување по вработено лице во фирма која би инвестирала во зелени инвестиции од околу 250.000 денари, или најмногу можат да вработат три лица, со вкупно 750.000 денари“, – ни изјави за Алфа, Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд.

  Годинашниот Оперативен план е најголем во историјата на Македонија и содржи 9 мерки и голем број подмерки, во вкупна вредност од над 40 милиони евра. Дел од мерките се за директни вработувања, како што е и мерката за зелените инвестиции, дел се за самовработувања, а додека останатите мерки се за обука, едукација и доедукација на невработени кадри во Македонија како би биле поатрактивни на пазарот на трудот.

Реклама

  „Со Оперативниот план за тековната 2025 година ќе бидат опфатени вкупно 16.000 лица во Република Македонија. Тоа е дел од мерките на Владата кои ги прави за да ги задржиме сите работоспособни невработени лица, посебно младите под 29 години, да останат во државата, да креираат свој бизнис или да се вработат во постоечките фирми“, – објаснува Ристески.

   Од Министерството за економија и труд велат дека транспарентноста и почитувањето на потребите на правните и приватните субјекти при креирањето на мерките, веќе го дваат очекуваниот фидбек. А тоа е огромниот интерес кој спореден со минатата година, годинава е за 15-20 проценти поголем за секоја мерка.