Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Здравковски: за 7 години власт СДСМ-ДУИ државата е посиромашна од претходно, а железници и патишта нема

На ДУИ и СДСМ очигледно приоритет им било пумпање на тендерите, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ДУИ и СДСМ очигледно приоритет им било пумпање на тендерите, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура – велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат расчистување на случајот. Според ревизорскиот извештај, за кој веќе е оформен предмет во јавното обвинителство, само автопатот Кичево – Охрид, иако веќе проектиран за тоа, колку ќе чини, станал поскап за повеќе од 200 милиони евра.

  • „Автопатот Кичево – Охрид, што ВМРО-ДПМНЕ го остави во напредна фаза на реализација, едвај е поместен од ситуацијата во која е затекнат. А според ревизорскиот извештај е утврдено зголемување од цели 178 милиони евра за истиот. Тоа се пари додадени како анекси на договорите, на веќе испроектирани финансии, а патотот се уште за жал не е завршен. Лудоста на власта не застанала тука. Таа продолжила и со автопатот Скопје-Блаце, кој за 10 километри треба да чини 180 милиони евра, што е за 80 милиони евра повеќе од првично предвиденото.“ – Изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Државниот ревизор утврдил дека За дел од од овие зголемени трошоци, јавното пратпријатие нема дадено ниту објаснување, на што се должат. Меѓу инфраструктурните прокети кои станале еден вид црна дупка за народните пари, е и железничката пруга кон соседна Бугарија. Од владеачката партија велат дека тука се случила најголемата трагедија и грабеж на народот.

  • „За третата делница од Крива Паланка до граница се предвидени безобразни 24 милиони евра по километар пруга. Пругата која би била долга 23,4 километри е проектирана од СДСМ и ДУИ да чини цели 560 милиони евра, односно зголемување за 220 милиони евра од претходно испроектираното. Истата поминува низ центарот на Крива Паланка, а за нејзината изградба треба да се срушат стотина куќи и за жал да се раселат исто толку семејства, а завршува со тунел кој што не води никаде.“ – Додаде Здравковски.

Кај најголем дел од инфраструктурните проекти, не само што е одложена изведбата и се зголемени трошоците, туку се создало и опасност тие дополнително да го оптоварат државниот буџет со нови давачки. Од владеачко мнозинство порачаа дека новото ракводство на македонски железници и државни патишта ќе помогнат во расчистување на случајот, а се заложија дека ќе се обидат и да го декласифицираат договорот со „Бехтел и Енка“, за тој да стане достапен до пошироката јавност.

Реклама

Никола Цветкоски