Реклама

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Македонија

Завршна фаза од конзерваторско-реставраторските интервенции на стариот конак во Лешочкиот манастир 

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорот на Националниот конзерваторски центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јордановски и стручен тим од институцијата денес го посетија манастирскиот комплекс во Лешок со цел да ја утврдат динамиката на темелна реконструкција на Конакот при црквата Свети Атанасиј, објект заштитен како културно наследство.

-Веќе сме во завршна фаза за конзервација, реставрација и санација на стариот конак, кој  е интегрален дел од манастирскиот комплекс. За реализација на овој значаен проект се издвоени шест милиони денари, а целосно завршување се очекува некаде до крајот на јуни, рече министерот Љутков. 

Директорот Јордановски посочи дека во моментов се одвива фазата на внатрешно зајакнување на ѕидовите со поставување на изолација.

Реклама

-Следува набавка на прозорци кои се доста на бројка, преку стотина прозорци и потоа следува средување на фасадата, со метод за да се зачува оригиналноста на фасадата. Прв пат овде конак има почетокот на 14-тиот век од трае до некаде до 1600-тата година. Со доаѓањето на Кирил Пејчиновиќ се обновува конакот и ние се обидуваме во што е можно по оригинална форма да се зачува надворешноста, рече Јордановски.

Тој посочи дека значајно за овој објект е тоа што како сопственост на Црквата ќе има прилика да биде одржуван.

-Ќе има сместувачки капацитети.  Тоа е всушност она што заштитата треба да се стреми. Да се зачува меморијата од минатото, но во функција на сегашноста и на иднината. Ние не го конзервираме времето, ние ја зачуваме меморијата на изгледот на старите објекти, рече Јордановски.

Митрополитот г.Јосиф, најави дека Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ по завршувањето на конзерватоските работи ќе се посвети на уредување на внатрешноста.

-Внатрешниот дел се надевам дека со Божја помош и ние како црква внатрешно ќе го уредиме за намената која што слушнавте, а тоа е сместување на посетители и луѓе кои што се заинтересирани за верскиот туризам.  Така конакот ќе биде целосно активен и пуштен во употреба за сите добронамерници, секој што ќе сакаат да преноќеваат во овој конак, рече г. Јосиф.

Министерот Љутков потсети дека во однос на капиталниот проект за конзервација реставрација на црквата Света Богородица, каде е откриен многу значаен трослоен живопис, со фази од 14 и 17 ти и 19 век проектот во овој момент е ставен во мирување. Тоа е поради непредвидени новонастанати ситуации во архитектурата на објектот и потреба од дополнителни стручни анализи и заштитни мерки за натамошна конзервација.