Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ во населбата Серава

Општина Чаир го заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ (Коста Абрашевиќ) во населбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир го заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ (Коста Абрашевиќ) во населбата Серава, со што значително се подобри патната инфраструктура и пристапот за жителите во овој дел од општината, информира прес-службата на Општина Чаир во соопштение.

Во рамки на активностите беа уредени шахтите и подобрен дел од атмосферската мрежа на местата каде што постоеше потреба, со цел обезбедување долготрајна функционалност и подобра дренажа при обилни врнежи.

Улицата сега е уредна, чиста и подготвена за сообраќај, што придонесува за полесно движење и поуреден изглед на населбата.

Реклама

Градоначалникот на Општина Чаир, при посетата на терен, истакна дека жителите изразиле големо задоволство од реализираните активности и динамиката со која се менува нивната населба:

„Секојдневно чекориме со конкретни проекти кои носат вистински промени. Чаир се менува – маало по маало, градиме модерна и функционална општина за сите наши жители.“

Овој проект е дел од континуираната програма на инфраструктурни инвестиции што Општина Чаир ја реализира во сите населби, со цел подобрување на квалитетот на животот и создавање подобри услови за граѓаните.