Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Засилената изградба на патната инфраструктура ја раздвижува македонската економија

Раздвижувањето во изградбата на со години заглавената патна инфраструктура низ земјава, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раздвижувањето во изградбата на со години заглавената патна инфраструктура низ земјава, во последниве месеци позитивно се рефлектира и врз македонската економија. За само една година, низ целата земја изградени се и пуштени во употреба над 70 км експресни патишта и автопат, од кои дури 25,7 км се само во прилепско-кавадаречкиот регион, односно двете делници од Експресниот пат Прилеп – Градско. Според Регионалната стопанска комора од Прилеп, ова е одличен сигнал кој веќе придонесеува за раздвижување и на локалната економија.

„Прилепската економија за нијанса бележи раст. Значи, некој половина до еден процент од БДП го поткренавме во однос на претходните години. Тоа значи дека Прилеп како регион дава се’ поголема тежиба или учество во делот на БДП и за понатаму сметаме дека овие инфраструктурни  проекти кои се започнати, што побрзо се завршат, но и оние кои се најавени, од страна не само на Владата, туку и на оние кои во предзиборната кампања ги гледаме и од кандидатите, тогаш сметаме дека Прилеп во наредните 3-4 години би требало и понатаму да бележи раст во делот на учеството во БДП“, – изјави Никола Мариноски, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

Пелагонискиот плански регион со години е инфраструктурно „слепо црево“, кој заради лошата патна комуникација губи сериозни домашни и странски инвестиции. На овој проблем, пелагонсиките бизнисмени реагираат подолго и од една деценија, бидејќи како што велат, големи штети им трпат бизнисите.

Реклама

„Успехот на работењето на една ЛС во денешно време има многу поголемо значење од самата централна власт. Доколку ЛС се фокусира на креирање на едно подобро општество за своите граѓани, тогаш верувам дека  и ние како прилепчани сите би си го задржале своето огниште и би го намалиле бројот на одлив на нашите млади сограѓани, како надвор од нашата земја, така и во главниот град на нашата земја“, – вели Ирена Јакимоска, бизнисмен.

   Пелагониските бизнисмени очекуваат дека со изградбата на Автопатот Прилеп-Битола, која е во тек, и со модерното поврзување со соседна Грција, овој Регион пак ќе може да се врати на старите златни патеки кога неговото учество во БДП било дури и над 17 проценти.