Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Засега нема реконструкција на Владата, Мицкоски чека предлози за пополнување на испразнетите места

Засега нема реконструкција на Владата, премиерот Мицкоски чека предлози од Вреди за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засега нема реконструкција на Владата, премиерот Мицкоски чека предлози од Вреди за пополнување на испразнетите места по заминувањето на Изет Меџити од Илинденска како вицепремиер и минстер за животна средина во општина Чаир. Извесно е дека Беким Сали ќе го наследи виицепремиерското место. Министерско место плус ВРЕДИ нема да добие.

„А зошто да добие? Тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалиционен партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали, тука нема дилема, но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет.
Реконструкција на влада не се прави само за да кажеме – еве, направивме промени. Пред било кој потег треба да се размисли дали новото кадровско решение ќе биде подобро од претходното и дали тој човек може да понуди повеќе. Јас сум подготвен со сите чинители на Владата да разговарам, но, како мандатар, последниот збор ќе го имам јас.

Во моментов, Мицкоски е фокусиран на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, закажан за 6 декември во Кавадарци, кој треба да донесе нова структура, извршен комитет и кадровски освежувања во рамките на партијата Паралелно со тоа,.фокусот на Владата ќе бидат и рефоримите во правосудството.

Реклама

Мицкоски порача дека Владата ќе се менува само ако тоа значи подобра ефикасност, а не симболика, и дека процесот на кадровска анализа ќе трае онолку колку што е потребно за да се донесат правилни одлуки.

„ Реконструкцијата нема да значи ништо ако донесеме некој што нема што да понуди. Секој кој ќе дојде, мора да биде подобар од претходниот – со конкретна програма и резултати.“

Со над 80 проценти освоени општини на последните избори, Владата, како што вели Мицкоски, има комотно мнозинство и време за анализа, а не за брзи чекори.