Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Запуштените прилепски спортски објекти во фокусот на Министерството за млади и спорт

Враќање на спортот во со години запуштените, инаку велелепни спортски објекти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Враќање на спортот во со години запуштените, инаку велелепни спортски објекти во Прилеп. Спортската сала „Македонија“, како и Универзалната сала, ќе блеснат во некогашниот сјај, најавува министерот за млади и спорт, Борко Ристовски. А досегашното пролонгирање на нивното реактивирање се должело на објективни, главно технички и безбедносни причини кои биле утврдени во последниве месеци.

„Почната е веќе постапка, процедура за раскинување на договорот со концесионерот за спортската сала ‘Македонија’. Договорот ќе биде раскинат, ќе биде салата преземена од Министерството за спорт, ќе биде реконструирана делумно. Разговараме со една локална компанија која што е заинтересирана да ја стопанисува, да вложи дел во таа сала и да биде предадена да се користи“, – изјави Борко Ристовски, министер за млади и спорт.

Слична е состојбата и со Универзалната сала, за каде исто така има заинтересиран локален концесионер. Но, при последните контроли од страна на градежни инженери, а по налог на Министерството, било утврдено дека постојната градба со дел од трибините навлегува и во ѕидот од објектот, што само по себе е сериозен статички ризик.

Реклама

„Универзалната сала не е под Министерството за спорт, таа е под ПОИК. Меѓутоа, јас си ја зедов обврската да бидам медијатор во таа ситуација… По посетата со инженерите увидовме дека навистина не е безбедна салата и не постои ни минимум шанса да добиеме дозвола од инженери за да може таа сала да биде пуштена во употреба… Проблем е што делот од конструкцијата на трибината завршува во ѕидот, нешто што пред многу години е направено и тоа е поголемиот дел од опасноста затоа што доколку дојде до некаков инцидент, може да се случи, не дај Боже, целата сала да падне затоа што е во конструкцијата на самиот ѕид“, – појаснува Ристовски.

Напоредно со овие две сали, Министерството ќе работи и на одземање на концесија за спортскиот комплекс „Маркови Кули“, бидејќи постоечкиот повеќедецениски концесионер одамна не ги исполнувал условите за стопанисување со мултинаменскиот објект.

Инаку, Министерството за млади и спорт, на чело со оваа влада, досега има изградено или реконструирано преку 30 помали спортски игралишта во целата земја, и според министерот, тој тренд ќе продолжи и понатаму со уште позасилено темпо на работа.