Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Започнаа подготовките за реализација на мега-проектот регионална депонија во Новаци

Придвижија активностите за реален старт на изградбата на Регионалната депонија во Новаци.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Придвижија активностите за реален старт на изградбата на Регионалната депонија во Новаци. Градоначалниците од 18 општини од Југо-западниот и Пелагонискиот регион кои се вклучени во овој мега еколошки национален проект, во Битола ја одржаа првата седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во овие два региони. На состанокот беше презентирана и новата веб-платформа „Регион без отпад“, која е во изработка и која ќе служи како централно место за информации, координација и транспарентна комуникација со јавноста, како и за следење на напредокот на Регионалниот систем.

„Со ова започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од Регионалниот систем за управување со отпад. Посебен акцент е ставен на планираните активности за првата половина од 2026 година, помеѓу кои се изградбата на претоварни станици и набавка на возила и опрема, изработка на новиот Регионален план за управување со отпад, формирање на Регионално комунално претпратие, како и јасно дефинирање на обврските на општините во процесите“, – вели Стевче Стефановски, градоначалник на Новаци и претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад.

   Престојниот период ќе биде клучен за поставување стабилни основи за функционален систем кој ќе обезбеди подобри и поефикасни услуги за граѓаните, поголема заштита на животната средина, како и зголемена институционална одговорност.

Реклама

 „Како претседател на Одборот за управување со отпад, сакам јасно да потенцирам дека нашата улога не е формална, туку суштинска. Ние го утврдуваме и надгледуваме спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад, ги одобруваме клучните инвестиции и проекти, го бираме операторот на регионалниот систем, и најважно – обезбедуваме координација помеѓу општините, државата, инстситуциите и партнерите“ – кажа Стевче Стефановски, градоначалник на Новаци и претседател на МОУО. на 5.01.2026

  Како дел од сите овие подготовки, на почетокот од месецов, премиерот Мицкоски присуствуваше на доделувањето на 16 комунални камиони, како и друга придружна опрема за зајакнување на ефикасноста на комуналните услуги за над 400.000 жители од 18 општини, во вредност од околу 11 милиони евра. Проектот опфаќа и изградба на 4 претоварни станици во: Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар.

Инаку, изградбата на Регионалната депонија во Новаци е Проект на кој државата работи веќе 10-тина години. Ќе се наоѓа на локација од стар коп на РЕК Битола каде се експлоатираше лигнит. А целта е во Пелагонискиот и Југо-западниот регион да нема повеќе диви депонии, туку управувањето со отпадот да биде во склад со европските еколошки стандарди.