Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Започнаа подготовките за промената на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани

Од денеска започнаа подготовките за најавената измена на сообраќајниот режим во централното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска започнаа подготовките за најавената измена на сообраќајниот режим во централното градско подрачје на Кочани, ги информираат граѓаните соодветните служби на општинската администрација.

-Се поставува вертикалната сигнализација на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, се наведува во писменото соопштување.

Изменетиот режим, велат од Општината,  ќе се применува по целосното поставување на вертикалната сигнализација, а првите неколку денови сообраќајот ќе се одвива со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани.