Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов како да изчезна. Шестти ден никаде го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов како да изчезна. Шестти ден никаде го нема да одговори на обвинувањата од неговите вработени дека вршел мобингот врз нив, но и за низата неправилности и прекршувања на законот за работни односи. Иако вработените повеле и постапки пред судовите и трудовата инспекција, Трендафилов и понатму останува недостапен за јавноста.

Првиот синдикалец поведуваше протести, собираше работници, бараше 500 евра минимална плата, но неговите вработени ги држел на минималец. Вработените велат, „три години не лаже, манипулира и ветува подобри услови за работа, а зад грб се заканува и дели откази на секој што ќе побара загарантирани работнички права“.

„Неговиот однос во однос на покачување на платите… секогаш бил негативен, со закани дека синдикатот нема пари доволно, не може да ни ги покачи платите, дури и со закани дека ќе ни избрка од работа доколку бараме покачување на платите“, изјави Благица Стојчевиќ вработена во ССМ

Реклама

ССМ нелегитимниот синдикалец Трендафилов го претвори домот во Капела. Ме избрка избрка 7 души, 4 се суспендирани. А замислете се бори за човекови права. Пушташе плата по 3000 денари, а велеше по медиуми кој ќе дава под минималец ќе одговара кривично. А што е ова, во неделата двапати по 3000 денари. Дали се тоа пари“, изјави Љупчо Димовски.

Пред само неколку дена Сојзуот на синдикатите го прослави осумдесетиот роденден. Трендафилов зборуваше за правата на работникот, кој меѓу другитот велеше дека платата не е милостина.

„Денес сме овде да одбележиме 80 години од создавањето на една идеја. Идеја работникот не смее да биде сам. Идеја дека човекот кој создава вредност со совој труд треба да има право на достоинствен живот. Идеја дека платата не е милостина. Дек работничкото право не е привилегија и дека социјалната правда не е подарок од никој. Наша задача е да не ја прекинеме таа нишка, наша задача е да се бориме, а не да се молиме“, порача Трендафилов.

Според сегашните, но и поранешни вработените во ССМ, и во фирмата основана од ССМ, Син АГ, велат дека говорот на Трендафилов е лицемерие и побараа негово заминување од функцијата, најмногу поради кршење на работничките права. Според нив, нивните сведоштва зборуваат за односот на првиот синдикалец кон синдикалните барања од неговите вреботени.