Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Економија

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола

Задоволство беше да поддржиме инвестиција, во која речиси 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од приближно 11 милиони евра и на тој начин продолжуваме да поддржуваме инвестиции што ќе бидат додадена вредност во македонската економија – истакна претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, на денешното свечено отворање на фабриката за производство на опрема […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволство беше да поддржиме инвестиција, во која речиси 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од приближно 11 милиони евра и на тој начин продолжуваме да поддржуваме инвестиции што ќе бидат додадена вредност во македонската економија – истакна претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, на денешното свечено отворање на фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола.

– На овој убав настан и, би рекол, на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто, секогаш тоа што ќе се гради, има цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола, па и во целата држава. За мене, претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам со оние што го градат. Денеска, имаме приватна иницијатива, која уште при формирањето на оваа Влада почна со процесот на реализирање – рече Мицкоски додавајќи дека денеска сите сме сведоци оти станува збор за ретка инвестиција, за производи што кај нас не толку често се користат, но во светот се користат во делот на спортовите на вода.

Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски најави промоција на две нови инвестиции во битолската индустриска зона Жабени.

Реклама

– Продолжуваме да поддржуваме инвестиции што ќе бидат додадена вредност во македонската економија – истакна Мицкоски.

Тој му честита на сопственикот за одлуката, посочувајќи на оној неврзан дел од разговорот, во кој самиот признал дека минувајќи ги годините во Битола, почнал „да се вљубува во Битола и во нашата земја“. – Ние сме биле познати во историјата како добри домаќини, битолчани се познати како добри домаќини, така што се надевам и во периодот што следува ќе продолжиме со реализирање и на други инвестиции – рече Мицкоски.

„Брејнчајлд“ е нова фабрика отворена од странски инвеститор со еколошки стандарди за производство – посочи градоначалникот Тони Коњановски.

– Заложбите за економски напредок на Битола стануваат реалност, а со поддршка на Владата посебно се фокусираме на напредокот и развојот на индустриската зона Жабени. Радува фактот што тука во последните години има неколку инвестиции, а на седум јавни наддавања купени се над 20 локации. „Брејнчајлд“ работи за клиенти кои месечно користат од 900 до 1.100 пакети производи, а главен производ е спортско крило за скијање на вода кое го користат врвни спортисти. Среќен сум што се инвестира на вестинско место, на самата порта на Европа, во Битола, нагласи Коњановски.

„Брејнчајлд“ ќе направи позитивна промена во животот на своите вработени, истакна Ралф Гросел, сопственик на фабриката што денеска свечено беше отворена во битолската индустриска зона „Жабени“.

– Со отворањето на нашата фабрика ние бележиме уште една значајна пресвртница во нашата експанзија, да произведуваме опрема за спортови на ветер и вода во срцето на Европа. Тука во Битола почнавме еден од најиновативните капацитети за производство на крилја во светот, користејќи најсовремени технологии. Поставуваме нови стандарди и овозможивме спортистите да постигнуваат светски резултати. Кога пред пет години во Битола го отворивме нашиот центар за истражување и развој, јас го препознав огромниот потенцијал на Македонија, земја која во последните години покажа импресивен развој. Овој напредок се должи на далекувидната и посветена работа на Владата, истакна Гросел на свеченоста во Битола.

Фабриката „Брејнчајлд“ има современа хала за работа, изградена на површина од 3.500 метри квадратни во индустриската зона „Жабени“ во Битола.