Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Започна изградбата на 400 kV интерконективната линија Македонија – Албанија

По период на застој, денеска започнаа градежните работи на еден од најголемите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По период на застој, денеска започнаа градежните работи на еден од најголемите електроенергетски проекти во последните десетина години. Поставувањето на камен-темелникот на 400 kV интерконективен далекувод меѓу Македонија и Албанија го означува рестартот на проектот кој е од стратешко значење за енергетската стабилност и регионалната интеграција. Проектот е дел од паневропскиот Коридор 8, кој ќе овозможи директно поврзување на електроенергетските системи на двете земји, зголемување на сигурноста во снабдувањето и унапредување на прекуграничната размена на електрична енергија, се вели во соопштението од МЕПСО.

„Оваа интерконекција не е само кабел, столб или далекувод. Оваа инфраструктура е мост на доверба, пример како две земји можат да градат нешто што е добро и за нив, но и за целиот регион. Соработката меѓу Македонија и Албанија во енергетиката е природна, неопходна и далекувидна. Нашите системи можат да се надополнуваат, нашите ресурси можат да создаваат синергија“, рече генералниот директор на АД МЕПСО, доц. д-р Бурим Латифи.

Потсетувајќи на причините кои го блокираа проектот со години и напорната работа истиот да се возобнови, Латифи додаде: „Затекнавме целосно закочен проект. За четири години проектот не бил реализиран ниту 4%. Следствено, ги идентификувавме слабите точки, ги елиминиравме административните бариери и за кусо време го претворивме овој проект од проект на хартија во проект на терен. Оваа инвестиција што долго време беше блокирана, конечно се рестартира и влегува во својата најважна фаза – фаза на изградба.“

Реклама

Нагласувајќи ја важноста на проектот за регионалната поврзаност, министерот за енергетика на Република Албанија, Енеа Каракачи, рече дека ова е инвестиција во заедничката безбедност, развој и европска интеграција. Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Нупнау Бен, посочи дека со инвестирање во овој проект и со поддршка на прекуграничната енергетска поврзаност, се обезбедува не само енергетска сигурност на Македонија и Албанија, туку и на ЕУ.

„Во овие турбулентни времиња на геополитички промени, повеќе од кога било мораме заеднички да продолжиме да градиме вистинска унија преку зајакнување на мрежите, развој на обновливи извори, изградба на интерконекции и интеграција на пазарите со цел да го зголемиме снабдувањето со енергија од чисти, зелени и домашни извори.“

Овој проект воспоставува нов енергетски мост меѓу регионот и Европа, со значајни економски и развојни придобивки, рече претставникот на ЕБОР, Фатих Туркменоглу. За овој стратешки проект ЕБОР веќе обезбеди заем во износ од 37 милиони евра за МЕПСО и мобилизираше дополнителен инвестициски грант од 12 милиони евра преку инвестициската рамка на Западен Балкан.

Почетокот на изградбата на интерконективниот далекувод од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница е стратешка основа за новата енергетска карта на нашата земја, рече министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Ова што денеска го започнуваме ќе трае многу подолго од еден мандат, од една генерација или од еден економски циклус. Ние ја поставуваме инфраструктурата што ќе ја користат идните производни капацитети, новите индустрии, дигиталните платформи, податочните центри и генерациите што доаѓаат. Затоа верувам дека денешниот ден ќе биде запишан како важна точка во развојот на македонската енергетика“, рече таа.

Далекуводот Битола – Елбасан ја затвора енергетската празнина, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„За првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните и стабилност за стопанството“, изјави премиерот.