Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

🎥 Започна 21-то издание на „Пивофест“ во Прилеп

Со силни очекувања за масовна посетеност, која освен што ќе донесе раздвижување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со силни очекувања за масовна посетеност, која освен што ќе донесе раздвижување на локалната економија, треба да донесе и одлична забава за сите генерации до раните утрински часови, синоќа во градот под Марковите Кули започна популарниот „Пиво-фестивал 2025“. Стартот – повеќе од ветувачки, на општо задоволство и на организаторите, и на угостителите, а особено на бројните посетители на првата од вкупно трите фестивалски вечери.

„Пиво-фестивалот 2025“, традиционално за отворен го прогласи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. „Оваа „пивофикациска“ фешта, која веќе две децении успешно се организира во срцето на градот, стана препознатлив бренд и интересна дестинација за многу гости, како домашни, така и странски“, констатира Јовчески.

„Со тоа Прилеп докажува дека знае да организира, да собере наши сограѓани – како од градот, од цела Македонија, но и од поблиските земји. Овие три дена на музика, на песна, на радост, на храна, докажуваат дека Прилеп излегува од локалните рамки, уште повеќе зближува и збратимува, но воедно го развива и има економски бенефит и нашиот локален бизнис“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Реклама

„Оваа година се потрудивме програмата да биде богата, да ја има за сите вкусови, да има музика, да има забава, многу пиво и, секако, добра прилепска скара. Имаме повеќе од 15 штандови, имаме шест големи пиварници и тоа е она што со гордост можеме да ви го пренесеме вам, како медиуми“, – кажа Христијан Тунески, портпарол на Општина Прилеп.

Освен ова, и безбедноста е подигната на највисоко ниво, уверуваат од ЛС, а додека пак, од страна на УЈП, претходно беше одржана и едукативна средба со економските субјекти – учесници на фестивалот.

„УЈП е тука, како и секоја година, на координација со цел едуцирање на даночните обврзници и нивна доброволна усогласеност со даночната регулатива, односно усогласеност со законите – Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за ДДВ и Законот за личен доход“, – посочи Александар Мирчески, управник на РД на УЈП, Прилеп.

Годинашниов Фестивал на пивото ќе трае три дена, односно од 18 до 20 јули. Фестивалот утревечер ќе го затвори српската музичка ѕвезда Никола Роквиќ, а вечерва свој настап ќе има и неговиот колега Харис Џиновиќ.