Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Запленети пури во вредност од четири илјади евра

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.

Како што информираат од Царинската управа, во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата, како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Царинската управа, велат оттаму, продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата, заштита на здравјето на граѓаните и овозможување услови за фер економија.