Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Заменик-претседателот и министер Иван Стоилковиќ со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да ви упатам искрени честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, ден кога ја оддаваме заслужената почит кон вашата богата култура, традиција и историски придонес.

Овој значаен датум претставува симбол на почитување на јазичната и културната разновидност, потсетник за важноста на зачувувањето на културното наследство, како и афирмација на вредностите на меѓусебна почит, разбирање и соживот. Истовремено, тоа е признание за сето она што влашката заедница го вложува во развојот на нашето повеќекултурно и демократско општество.

Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава и мозаикот на македонското културно наследство. Нека 23 Мај биде поттик за понатамошно негување и афирмирање на влашкиот идентитет и вредности – во духот на соживот, инклузивност и заемно почитување.

Реклама

Негувањето и зачувувањето на културниот идентитет е заеднички интерес и обврска на сите нас кои се залагаме за општество во кое се вреднуваат различностите и се унапредуваат правата на сите заедници.

Ви посакувам овој празник да го прославите во здравје, радост и гордост, со чувство на припадност и поддршка, истакнаа во соопштението.