Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Законот за пробација е во финална фаза

Пробација наместо затвор за осудениците со пониски казни – со електронски алки,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пробација наместо затвор за осудениците со пониски казни – со електронски алки, засилен надзор и поголема улога на пробациските служби уште во кривичната постапка – новиот предлог закон за пробација е оформен според сите европски стандарди со помош на експерти, професори и судии. Предлог законот треба да придонесе за поефикасен правосуден систем и помалку затвореници во македонските затвори, што ќе значи и повеќе заштедени народни пари.

„Со ова законско решение се воспоставува јасен и модерен пробациски систем кои носи три клучни резултати – поефикасно извршување на мерките во заедницата, посилна ресоцијализација на лицата кои се опфатени со санкции и повисоко ниво на заштита на жртвите. Системот станува поорганизиран, поодговорен и подобро поврзан помеѓу институциите. Се поставуваат јасни правила, прецизни надлежности и мерливи процедури за постапување.“ – вели министерот за правда Игор Филков.

Дел од промените што ги предвидува законот е единствениот електронски регистер за подобра евиденција. Со подзаконски акти се регулираат и човековите права, заштита од тортура и несовесно однесување, како и забрана за дискриминација.

Реклама

„Тој е според мене една од многу важните алки во затворскиот систем односно во целото правосудство, алтернативна мерка што е заживеана во минатото, меѓутоа во овие две неполни години јас исклучително се трудам да дадам акцент на нејзе, да ги едуцираме судиите, затоа што ние можеме да ги имаме најдобрите закони и најдобрите услови да ги имаме овозможено меѓутоа сепак се судиите тие кои што треба да ги одредуваат алтернативните мерки.“– вели директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Предлог зкаонскиот текст е во финална подготовка, а е дел од вкупната реформа во казненото право што опфаќа уште и донесување на нов кривичен законик, нов закон за кривична постапка како и закон за извршување на кривични санкции.

„Проект што го води македонската академија тоа е хармонизација на правниот систем со правата во Европската Унија. Во оваа фаза на проектот главна тема и главен предмет е владеењето на правото и судските реформи, борбата против корупцијата и други значајни реформски чекори кои што треба да бидат направени на патот на евроинтеграцијата на нашата земја.“– вели академикот Владо Камбовски.

Според експертите, доколку се усвои овој предлог закон, ќе се намалат негативните ефекти врз казнетите, нема да се оттргнат од своето семејство а и нема да имаат негативни последици врз нивната психичка состојба.