Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Заканите почнаа – власта во паника по најавите за штрајкови и протести

Ако штрајкуваат ќе добијат замена. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако штрајкуваат ќе добијат замена. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи , им се закани на  на вработените во детските градинки и просветните работници во основните и средни училишта дека ќе бидат заменети доколку штрајкуваат, по најавата на првиот човек на СОНК Јаким Неделков за генерален штрајк  на 11 идниот месец на вработените во образовните институции.

И јас морам да кажам дека за тие кои не читаат закони, ние мораме да читаме закони, членот 25 од законот за средно образование вика во случај на прекин на воспитно образовната работа заради штрајк директорот на средното училиште по претходна согласност од градоначалникот, а за државните средни училишта од министерот е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат за време додека трае штрајкот, најави Битиќи во телевизиско интервју на ТВ 24.

Барањата на СОНК е усогласување на платите во образованието со минимална плата по колективен договор на национално ниво и да се испочитува договореното покачување на платите. Вицепремиерот, како изговор  ја посочи економската криза и влошувањето на истата по војната во Украина. 

Реклама

Согласно Законот за плати и колективен договор, платите на наставниците треба да бидат повисоки. Според колективниот договор во кој бодот со кој се множи минималната плата е 2.5 отсто, излегува дека наставниците веќе треба да земаат плата од 45.000 денари.

СОНК нема да учествува на протестот од КСС кој ќе се одржи утре бидејќи се подготвуваат за генерален штрајк  но го поддржуваат.

,,Сакаме да ги увериме членките на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), каде што впрочем и СОНК припаѓа, дека имаат отворена поддршка од сите нас, а особено заради оправданите барања коишто ги упатуваат до Владата. Енергично стоиме зад одбрана на правата и интересите на сите работници во државата и гласно протестираме за секакво влијание, мешање или манипулација на власта на сите нивоа, во синдикалното организирање и дејствување. Само здружен, единствен и вистински синдикат, како што е КСС, може и треба да претставува сериозен фактор во државата, кој ќе биде почитуван од страна на надлежните,  се вели во соопштението на КСС, пренесувајќи го ставот на СОНК.

По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, од работниците во јавниот сектор се бара усогласување на платите, односно пропорционален раст на сите плати, согласно растот на минималната плата. По речиси двомесечни преговори помеѓу синдикатите и Властите откако ништо не е договорено, синдикатите во КСС утре ќе го постават барањето уште еднаш на протест пред Собранието по што ќе се упатат кон Владата.

Кристина Алексиеска