Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Зaглавени во судските лавиринти – Патот до правдата за многумина останува непрооден

Стопената доверба на граѓаните во судсвото се отсликува и пред судската палата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопената доверба на граѓаните во судсвото се отсликува и пред судската палата во главниот град. Народот не им верува на судиите. Адвокатите не сакаат да коментираат.

Ретко кој од најголемите судови во земјава, Граѓанскиот и Кривичниот, излегува задоволен од постапувањето на судиите и целата администрација. Странките што завршиле во судските лавиринти се препознаваат од далеку зашто речиси сите имаат намуртени лица и хартии во рацете. Дел од нив не сакаат да коментираат зошто допрва чекаат на одлуките, а некои пак, се крајно разочарани.

Адвокатите немаат хартии во рацете, туку документите им се уредно прибрани во актовки. Камерата на Алфа ги избрка речиси сите адвокати кои излегуваа, но и оние кои имаа намера да влезат во Граѓанскиот суд. Адвокатите за разлика од странките изгледаа уште понезадоволни и вешто ја избегнуваа камерата.

Реклама

Ретко кој од нив имаше храброст јавно да зборува за тоа колку судскиот систем на граѓаните во Македонија им овозможува правна сигурност. Некои, пак, се оптимисти, веруваат дека има надеж за спас и извлекување на судството од бездната во којашто е потонато.

Последната анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ во мај ланската година измери само 2% доверба на граѓаните во судството. Не верувањето во судиите е поврзано и волјата на судиите да се борат против корупцијата.Според ИРИ, во Македонија, 76 отсто сметаат дека судството нема волја или желба да се бори против корумпираните.

Претходната, 2023 година, истиот институт објави дека само еден отсто од граѓаните имаат целосна доверба во судскиот систем и во обвинителството.

Јавната перцепција за судството е хит последниве години со оглед на масовните скандали коишто го тресат.

Владата најави реформи во правосудниот систем со цел да се врати довербата на граѓаните во судството. Според најавите за неколку месеци треба да е готова нацрт верзијата на новиот Закон за судски совет преку којшто треба да се имплементираат препораките на ЕУ за спас на македонското судство.