Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Зафировски: Редно беше некој на Владата да и даде огледало за да се видат каква катастрофа се

Извештајот со многу минуси за Македонија не е изненадување, ама срамот е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот со многу минуси за Македонија не е изненадување, ама срамот е голем. Редно време беше некој од надвор да им стави огледало на Илинденска за да се погледнат и реално да согледаат она во што македонските граѓани се гушат со години наназад: криминал, корупција, заработени интитуции, лавиринтите како да дојдат до правда..Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски вината за катастрофалните оценки на Европската комисија, а вината според него е тоа што судската и законодавната работат по музиката која ја свири извршната власт.

  • „Конечно вака отворено некој да им каже , ова сте вие, погледнете се, ова е резултат на вашето работење. Дефинитивно сметам дека ова е нужно, бидејќи насловен е извештајот како пакет за пристапување. Ние денеска, наместо законодавната власт да биде место каде што ќе се презентираат идеи, каде што ќе имаме критички однос кон се она што владата го нуди или пак партиите, како евентуално законско решение, ние имаме ситуација каде што законодавниот дом е целосно потчинет на извршната власт. И судската власт ја нема никаде“ вели Воислав Зафировски, поранешен антикорупцинер.

Зафировски е дециден дека Македонија ќе се доближи до Унијата кога ќе почне да ги спроведува Копенхашките критериуми, односно ќе има вестинска борба против корупцијата и криминалот, и слободни интитуциите кои  ќе работат во интерес на граѓаните.

  • „Ние имаме коруптивни закони, голем број коруптивни закони. Последниот се измените во КЗ. Додека не се направи еден длабок рез, додека не се испитаат сите оние закони кои што на брза лента со европско знаменце, се носеа во Собранието, а немаат ништо заедно со согласувањето на правото на ЕУ, ние само ќе се лажеме дека нешто правиме или водиме некаква борба против корупцијата. За тоа е потребна политичка борба“ вели Воислав Зафировски, поранешен антикорупцинер.

Државата не може да очекувате од ваквата состојба која што се констатира во извештајот на ЕК, да ја извадат оние кои што ја довеле до тоа ниво, предупредува Зафировски.

Реклама

Европската Комисија ја даде најлошата оценка за напредокот во борбата против корупцијата и криминалот, а на многу ниско ниво сме и во спроведувањето на реформите во правосудството со низа скандали. Брисел ги кара функционерите на Илинденска и за измените во КЗ, со честата злоупотреба на европското знаменце. Без напредок е и зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.