Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

За осум месеци, 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди

Во периодот јануари – август годинава во сообраќајни незгоди животот го загубиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот јануари – август годинава во сообраќајни незгоди животот го загубиле 62 лица, а во истиот период лани загинале 62 лица. Тоа се 34 помалку загинати лица, односно намалување од 35,42 % – покажуваат податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни работи за првите осум месеци од 2026 година. 

Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 на 3.868. Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица, односно намалување од 18,24 %.

– Овие бројки се јасна потврда дека системскиот пристап во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот дава конкретни резултати – наведуваат од МВР.

Реклама

Вкупниот број сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840, односно за 11,76 %. Бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици е намален од 82 на 54 или за 34,15 %, а бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди е намален од 594 на 528, односно за 11,11 %.

Бројот на сообраќајни незгоди со телесни повреди е намален од 2.291 на 1.896 или за 17,24 %, а бројот на сообраќајни незгоди со материјална штета од 2.518 на 2.362, односно за 6,20 %. Бројот на лица со телесни повреди е намален од 3.949 на 3.116, односно за 21,09 % или 833 лица. Бројот на лица со тешки телесни повреди е на приближно исто ниво – 686 во 2025 и 690 во 2026 година.

Значењето на овие резултати, како што истакнуваат од МВР, е уште поголемо ако се земе предвид дека со години бројот на жртвите во сообраќајот остануваше на високо ниво.

Во периодот од 2010 до 2025 година во сообраќајни незгоди годишно загинувале меѓу 116 и 198 лица, а во 2019 и во 2025 година биле регистрирани по 132 загинати лица.

– Тоа покажува дека подолг период не било постигнато суштинско и одржливо намалување на бројот на жртвите. Позитивната промена во 2026 година е резултат на интегриран пристап, кој ги опфаќа системот „Безбеден град“, законските измени, засилените полициски контроли и континуираните превентивни активности. Со почнувањето на санкционирањето преку системот „Безбеден град“ на 1 февруари 2026 година беше воспоставен нов модел на постапување. Прекршоците се детектираат автоматски, предметите се обработуваат електронски, а известувањата се доставуваат преку СМС-порака и електронска пошта. Не станува збор само за воведување нова технологија, туку за промена на начинот на спроведување на сообраќајните прописи, односно од повремена контрола кон континуирано, предвидливо и неселективно постапување. Со тоа се зголемува извесноста дека детектираниот прекршок ќе биде процесиран, се намалува просторот за субјективно постапување и се влијае превентивно врз однесувањето на учесниците во сообраќајот. Резултатите во првите осум месеци покажуваат дека овој пристап создава реална промена на патиштата. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со унапредување и проширување на системот „Безбеден град“, со засилени контроли и со мерки насочени кон намалување на сообраќајните незгоди, односно помалку повредени и помалку загубени човечки животи – се посочува во соопштението од МВР.