Реклама

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

Македонија

За една седмица констатирани 4.991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.674

Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената – 4.674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) – 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“.

Реклама

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност и посигурни патишта.