Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Балкан

Вучиќ по средбата со Зеленски: Никаде не ја преминав границата, никому не му служам

По вчерашната средба во Белград со украинскиот претседател, српскиот, Александар Вучиќ денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашната средба во Белград со украинскиот претседател, српскиот, Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе продолжи да ја води политиката на независна Србија и дека „Србија не изгубила ништо“ со доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во врска со коментарот дека има луѓе незадоволни од независната политика на Србија, Вучиќ рече дека таквата независна политика ќе продолжи.

„Никаде не ја преминав границата на нашата политика што ја воспоставивме за време на состанокот со Зеленски“, рече Вучиќ, додавајќи дека „нема да бидам ничија марионета“.

„Не сакам никому да му служам, ниту на Англија, ниту на Германија, ниту на Америка, ниту на Русија“, рече Вучиќ, додавајќи дека Украина никогаш не била непријател на Србија и дека е земја што го поддржува територијалниот интегритет на Србија.

Реклама

На прашањето на новинар за критиките дека Србија седи на повеќе од едно столче, Вучиќ одговори: „Ние имаме само свое столче“.