Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

ДЗР: Ограничени ИТ капацитети и потреба од зајакнување на безбедносните контроли во Агенцијата за вработување

Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во имплементацијата на безбедносните мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во имплементацијата на безбедносните мерки и контроли во ИТ системот на Агенцијата за вработување, кои го загрозуваат нивото на заштита на информациите и ИТ ресурсите.

Со ревизијата на успешност, која го опфати периодот од 2021 до 2024 година, е констатирано дека Агенцијата се соочува со недоволни човечки и технички капацитети, слабости во управувањето со информациската безбедност и недоволно развиени механизми за заштита и континуитет на работењето.

Еден од најсериозните проблеми е недоволната кадровска екипираност на централниот Сектор за информатика. Од предвидените седум работни позиции, пополнети се само две, односно 28,57 проценти. Дополнително, во последните три години не биле реализирани обуки за ИТ кадарот, ниту постои документирана програма за континуирано унапредување на знаењата и вештините на вработените.

Реклама

Ревизорите укажуваат и на недоволно инвестирање во одржувањето на ИТ системите, и покрај тоа што во периодот од 2020 до 2025 година биле реализирани и започнати договори за набавки поврзани со ИТ инфраструктурата, безбедносните системи и комуникациските услуги, во вкупна вредност од 171,2 милиони денари, односно околу 2,78 милиони евра.

Според ревизијата особено загрижува податокот дека системот во период од 293 дена, односно 15,7 проценти од анализираниот период, не бил покриен со договор за превентивно и адаптивно одржување.

Утврдени се слабости во управувањето со личните податоци, корисничките пристапи и мрежната безбедност, како и потреба од унапредување на процедурите и контролите за управување со пристапот до информациските ресурси. 

Во делот на заштитата на личните податоци, утврдена е потреба од подобрување на механизмите за следење и контрола на пристапот, како и на постапките за чување, архивирање и бришење на податоците согласно законските рокови.  

Ревизорите утврдиле потреба од зајакнување на механизмите за резервно копирање и обновување на податоците, како и воспоставување и редовно тестирање на планови за континуитет на работењето. Редовното тестирање на можноста за обновување на податоците и воспоставувањето соодветни процедури се значајни за обезбедување континуитет на ИТ услугите и намалување на ризиците во случај на прекин или непредвиден настан. 

Според ДЗР потребно е и унапредување на условите за физичка заштита на ИТ инфраструктурата и обезбедување соодветни мерки за заштита и непречено функционирање на ИТ опремата.  

За надминување на утврдените состојби, дадени се препораки за зајакнување на ИТ капацитетите и управувањето со ИТ, унапредување на безбедносните контроли и процедурите, како и подобрување на механизмите за резервно копирање, 
обновување на податоците и континуитет на работењето. Реализацијата на препораките треба да придонесе кон поефективно управување со ИТ ризиците и обезбедување повисоко ниво на заштита, стабилност и континуитет на 
информацискиот систем на Агенцијата. 

Во меѓувреме, на 13 ноември 2026 година, директорот на Агенцијата за вработување доставил информации за преземените мерки по конечниот ревизорски извештај. Известувањето е заведено под број 13–1044/7 од 5 ноември 2026 година и е приложено кон соопштението на Државниот завод за ревизија.