Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Балкан

Вучиќ по судирите во Нови Сад – „Никогаш нема да ја победат Србија“

Во Србија денеска е мирно, но и натаму тензично по синоќешниот хаос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Србија денеска е мирно, но и натаму тензично по синоќешниот хаос во Нови Сад, каде демонстрациите на студентите прераснаа во судир со полицијата која употреби солзавец, шок бомби и пњендреци. Најмалку 11 полицајци се повредени во судирите, кои, како што соопшти полицијата, ескалирале откако присутните на демонстрациите ја нападнале полицијата. Се јавува и за повредени демонстранти, како и за повеќе приведени.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредно обраќање ги осуди нападите и предупреди дека „обичните кукавци и плашливци“, како што ги нарече демонстрантите, никогаш нема да ја победат Србија и нејзините државни органи.

Српскиот премиер додаде дека државата може да напредува само со дијалог и во мир. „Ова е единствениот начин да се смирaт тензиите во општеството и да се изгради атмосфера на доверба и стабилност“.

Реклама

Тој го пофали синоќешното „професионално однесување на полицијата која, и покрај исклучително тешките околности, покажала храброст, смиреност и одговорност, спречувајќи последиците од нападот да бидат уште поголеми“.

Академскиот пленум го повика Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата. Тие изјавија дека синоќа во Нови Сад е спроведен „инсцениран конфликт“, по што полицијата употребила невидена брутална сила против студентите и граѓаните. Пленумот исто така предупредува дека секој нормален граѓанин е шокиран од сцените, и дека „само нечовек – очајна личност која ја брани владата по секоја цена“ може да биде среќен за нив.

Причина за протестот беше кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование. Тие му оддадоа почит и на 16-те загинати кои настрадаа во урнивањето на настрешницата на реновираната железничка станица во овој град.