Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати

Продолжува посетата на македонската владина делегација, предводена од премиерот – Христијан Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува посетата на македонската владина делегација, предводена од премиерот – Христијан Мицкоски, на Обединетите Арапски Емирати. Претседателот на македонската влада денеска ја посети Стопанската комора на Шарџа, при што се сретна со нејзиниот претседател и раководството. „Разговорот беше насочен кон создавање мостови на соработка помеѓу нашите економии, размена на добри практики и идентификување на можности за заеднички инвестиции и поддршка на приватниот сектор. Ваквите средби се клучни за зајакнување на билатералните односи и отворање нови перспективи за бизнис заедницата“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонската делегација, во чиј состав се и вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, генералниот секретар на владата – Игор Јанушев, и уште неколкумина, вчера беа примени од претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот – Мухамед бин Зајед Ал-Нахјан.

Во обраќање од Абу Даби, премиерот Мицкоски порача дека до четврток, до кога ќе престојуваат во Емиратите, очекува многу плодни и успешни средби кои ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави.