Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Врнежите добредојдени за земјоделците

Врнежите од снег за земјоделците, се добар знак, дека годинава ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врнежите од снег за земјоделците, се добар знак, дека годинава ќе биде бериќетна. На добар род се надеваат и производителите на жито, но и на останатите земјоделски култури. Велат, снегот ќе ја зголеми влагата во почвата, а истовремено ќе се наполнат и акумулациите, што ќе значи дека годинава проблмот со наводнувањето и сувите канали, ќе бидат минато.

„Велат, ако има снег ќе има и бериќет. Снегот е добредојден и е еден филтер на климата. Го прочистува воздухот, ги пери растенијата. Еве да ви кажам, пред да падне снегот житотот беше жолто, а сега кога се крена снегот гледам се разеленило и тоа што не беше никнало, сега расте„ вели земјоделецот Ангелов Цане.

„Снегот благопријатно ке се одрази и на оризопроизводството. Акумулацијатаа ќе биде полна со вода и претпоставувам дека наводнувето нема да ни биде проблем,оваа година„ изјави земјоделецот, Стојче Ташов

Реклама

И според експертите, снегот е посебно значаен за есенските посеви, но благата зима, со невообичаено високи тепемератури, треба да го вклучат алармот. На земјоделците, им препорачуваат задолжителни контроли на посевите, бидејќи кај порано посеаните житни култури е забележан напад од инсектот црн житарец, кој го уништува плодот.

„Повеќето од нив кои при контрола забележаа дека имат штети од тој штетник, од  ларвата на тој инсект, веќе ги третираат со одредени пестициди, што од друга страна веќе  го поскапува производството. Но, на оние површини кадешто целосно не се проникнати растенијата, дали е тоа пченица или јачмен, кај нив исто така треба да се води контрола„ изјави проф. Љупчо Михајлов-Земјоделски факултет-УГД

Минатата есен, поради долгата суша, земјоделците не можеа да си ги подготват нивите, па сеидбата сериозно задоцни. Во  најголемата житница во државата, Пелагонија, во ноември   од вкупно 12.000хектари беа засеани само една третина  од планираните површини. Пролонгирањето на роковите и временските услови,  го намалуваат квалитетот, носат ризици за појава на болести, со што прават сеидбата за земјоделците, да биде се поскапа.