Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВРЕДИ: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците

ВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВРЕДИ не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект.

Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила, пишува ВРЕДИ во соопштение.

Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција НАИ во единствен политички субјект, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери. Тоа е уште еден показател за внатрешната криза во овој блок.

Реклама

Од една страна е ВРЕДИ, со јасна визија за реформи и развој; од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали. Оваа спротивставеност меѓу новото и старото ќе го одреди правецот на политичкото претставување на Албанците.

Централната точка на ВРЕДИ е Албанецот во Македонија: достоинствен, еднаков и институционално силен. Нашата заложба е за реална застапеност во сите институции и еднаквост што ќе се чувствува во пракса, а не само на хартија.

ВРЕДИ ќе обезбеди правата на Албанците да не бидат симболични или предмет на дневно-политички пазарења. Државата ќе преземе мерки за целосна примена на јазикот, правичната застапеност и еднаков пристап во секоја институција, со што ќе се гарантира праведен и функционален систем за сите.