Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Македонија

ВРЕДИ: Коридорот 8, инвестиција во економскиот развој и европската иднина

Почетокот на градежните работи на автопатот Букојчани–Кичево претставува значаен чекор во реализацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетокот на градежните работи на автопатот Букојчани–Кичево претставува значаен чекор во реализацијата на Коридорот 8 и во зајакнувањето на инфраструктурните врски на Македонија со регионот – се вели во соопшението на ВРЕДИ.

За ВРЕДИ, Коридорот 8 е национален стратешки интерес и голема можност за економски развој на земјата. Преку овој проект се унапредува поврзаноста со Албанија и Бугарија, се олеснува транспортот на стоки и се создаваат поповолни услови за инвестиции и економска соработка.

Коридорот 8 е еден од проектите што ја одредуваат насоката на развој на земјата. Секој сегмент чија изградба започнува ја приближува Северна Македонија до модерна патна мрежа и до позначајна улога во трговските врски во регионот.

Реклама

ВРЕДИ ја смета реализацијата на овој коридор за дел од заложбите за економски развој, подобри регионални врски и европска интеграција. Целта е географската положба на земјата да се претвори во економска предност, преку инфраструктура што ќе им служи на граѓаните, бизнисите и идните генерации.