Реклама

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Македонија

Кандидатот за шеф на ОЈО ГОКК Цветановски: Приоритети се финансиските истраги, јакнење на Истражниот центар и намалување на старите предмети

Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, кој е кандидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, кој е кандидат за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска пред Советот на јавните обвинители како клучни приоритети ги издвои зголемувањето на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, намалувањето на бројот на стари и нерешени предмети, како и зајакнувањето на кадровските капацитети и Истражниот центар.

Претставувајќи ја својата програма, Цветановски истакна дека е потребен проактивен пристап во постапувањето по предметите, како и поефикасна соработка со институциите вклучени во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– Приоритетите и целите за периодот 2026-2030 година се зголемување на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, намалување на бројот на стари и нерешени предмети, целосна операционализација и јакнење на кадровските ресурси и на Истражниот центар, како и проактивно постапување по предмети оформени по допрен глас – рече Цветановски.

Реклама

Тој посочи дека за остварување на тие цели е неопходно да се унапреди соработката со Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и другите надлежни институции, преку заеднички тимови, дигитализација на доказниот материјал и паралелно водење финансиски и кривични истраги.

Посебен акцент, според него, треба да се стави на финансиските истраги уште од почетокот на постапките за висока корупција.

– Со поведувањето на кривична истрага истовремено треба да започне и финансиска истрага. Тоа е потребно не само за откривање на сторителите на кривичните дела, туку и за откривање на противправно стекнатата корист и средствата што произлегуваат од кривичното дело – нагласи Цветановски.

Тој оцени дека раното откривање и обезбедување на незаконски стекнатиот имот е клучно за успешна конфискација и за собирање докази што ќе помогнат во утврдувањето на кривичната одговорност.

Во своето обраќање Цветановски се заложи и за дополнително јакнење на капацитетите на ОЈО ГОКК, вклучително и внимателен избор на полициски службеници во Истражниот центар, пред сѐ со искуство во финансиски и организиран криминал, како и за ангажирање финансиски експерти и форензичари во рамки на обвинителството.

– Сметам дека јавните обвинители треба да имаат поголем пристап до судската пракса и до одлуките што ги донесуваат другите јавни обвинители – рече Цветановски, додавајќи дека поголемата транспарентност би ја зајакнала довербата во институцијата и би го намалила просторот за шпекулации во јавноста.

Тој се осврна и на примената на мерките за обезбедување присуство во текот на истражната постапка, оценувајќи дека притворот треба да се користи само кога се исполнети законските услови, а во останатите случаи да се применуваат другите мерки предвидени со закон.

На прашање доколку се најде во ситуација неговиот став да се разликува од ставот со јавен обвинител од обвинителството, односно како би ја решил таа ситуација, тој одговори „мојот став би бил дека предметот мора да се диктира со докази“.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: