Реклама

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Македонија

Хаџи Василева: Ќе се залагам за поголема ефикасност, финансиски истраги и дигитализација во ОЈО ГОКК

Кандидатката за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, претставувајќи ја својата програма пред Советот на јавни обвинители, денеска истакна дека фокусот на ова обвинителство мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал кои го зафаќаат поширокиот јавен интерес, го нарушуваат мирот на граѓаните и го оневозможуваат прогресот. 

Хаџи Василева, која професионалниот пат го градела од основен до висок обвинител, а од 2024 година е дел од ОЈО ГОКК, нагласи дека одговорноста била главниот мотив за нејзината кандидатура за прв човек на оваа институција. 

– Состојбите ги знаеме сите и тие не се едноставни, секако се условени од многу различни фактори, но мислам дека можеме и многу повеќе и многу подобро во нашата работа – изјави Хаџи Василева.

Реклама

Во нејзината програма, темелена на четири главни столбови, таа ги издвои ефикасноста и ажурноста во постапувањето, поголема активност во финансиските истраги и конфискацијата на имот и максимално искористување на истражниот центар, зајакнување на кадровската екипираност и на капацитетите преку дигитализација, како и поголема транспарентност и јакнење на јавната доверба. 

Борбата против корупцијата и финансиски истраги во таа насока, Хаџи Василева нагласи дека има за цел да биде во нејзиниот фокус, бидејќи, како што рече, „корупцијата е причина и нешто што ги појачува и криминалитетот и криминалните групи во целина“. 

Хаџи Василева ја нагласи соработката со домашните институции, но најави и можност за креирање заеднички истражни тимови на регионално ниво со државите од регионот за борба против организираниот криминал и корупција, кои, како што посочи, не познаваат граници. 

Институтот за спогодување, според неа, може и треба многу повеќе да се користи и тоа за поширок спектар на предмети. 

– Со примена на овој институт можеме да постигнеме многу во борбата со организираниот криминал, бидејќи со тоа се скратува времето на постапките и се растоварува судот – изјави Хаџи Василева.

Таа се осврна и на важноста од зајакнување на финансиските истраги кои, како што рече, треба да одат паралелно со криминалистичките, со цел успешна конфискација на незаконски стекнат имот. 

Како шеф на ОЈО ГОКК, доколку биде избрана, најави дека ќе се залага за навремено и целисходно планирање на средствата, додека дигитализацијата, која е процес што веќе започнува во обвинителството, според неа значително ќе влијае на квалитетот на работата и ќе ја зголеми интероперабилноста меѓу институциите. 

– Вештачката интелигенција може и веќе треба да се користи како алатка за олеснување на секојдневната работа – од претворање на говор во текст и превод на документи, сè до обработка на податоци кои досега се работеле „пешки“ – изјави Хаџи Василева.

Таа вели дека отвореноста кон медиумите и јавноста не смее да биде на штета на самостојноста на обвинителите, но  верува дека транспарентноста и редовното информирање ќе донесат поголема поддршка и зајакнат имиџ на институцијата. 

На прашање од државниот јавен обвинител Ненад Савески за тоа како би постапила доколку некој од обвинителите затајува во работата, Хаџи Василева одговори дека секогаш претпочита конструктивен и човечки пристап пред санкции. 

– Секогаш сакам да пристапувам конструктивно во насока на решавање на некои состојби, отколку веднаш да се пристапува кон потврди решенија односно казнување. Доколку некој колега затајува во работата, ние сме колеги и пред сѐ треба да се обидеме човечки. Веројатно би го повикала и би го прашала на што се должи тоа – можеби е некоја моментална состојба, а можеби има и приватни аспекти или други причини. Убедена сум дека низ таков пристап може многу повеќе да се постигне отколку со конфронтација, која само одзема енергија и кај оној кој менаџира и кај колегата. На крајот на денот, наша обврска како колеги е да си помогнеме и да ги надминуваме состојбите во тој дух – истакна таа. 

Хаџи Василева на крајот од излагањето упати порака дека може целосно да одговори на предизвиците што ги носи оваа позиција, а дека заедно можат да изградат уште посилна и поуспешна јавнообвинителска организација.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: