Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: Кој во ДУИ е платен да брани милионски проект без резултат?

Кој од ДУИ денес има интерес, и колку е платен, за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој од ДУИ денес има интерес, и колку е платен, за да брани босанска фирма која со години не градела ништо, а чинела милиони? Дали тоа е Али Ахмети, Бујар Османи, или двајцата заедно со нивниот круг на луѓе, сопственици на фирми подизведувачи? Затоа што фактите веќе не можат да се сокријат, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Еве ви уште еден кадар на ДУИ, Билен Салији, поранешен министер за правда од ДУИ, кој подоцна станува директор на правниот сектор во МЕПСО. Токму во тоа време, луѓе од ДУИ во МЕПСО ја започнуваат постапката за раскинување на договорот со Енергоинвест, затоа што и самите утврдиле дека договорот е штетен и нефункционален.

Дополнително, одлуката на Управниот одбор од 22.11.2023 година јасно покажува дека сите членови, меѓу кои и Билен Салији, едногласно утврдиле дека изведувачот не ги исполнува договорните обврски и дека нема суштински напредок во проектот, по што е започната постапка за раскинување на договорот.

Реклама

Значи, сите кадри на ДУИ во МЕПСО биле за раскинување на договорот уште тогаш

Денес, врвот на ДУИ го брани истиот тој договор. Зошто?

Одговорот е очигледен. Проектот имал реализација од едвај 4% во период од четири години. Договорот бил истечен. Немало активности на терен, туку само обиди за анекси и дополнителни финансиски побарувања. Државата плаќала камати со години, додека проектот стоел.

И денес ДУИ го брани тоа. Не затоа што е исправно. Туку затоа што некој имал интерес тоа да трае.
ДУИ не ги брани граѓаните. ДУИ брани систем во кој проектите не се граделе, туку се користеле за испумпување на пари.

Паниката во ДУИ е очигледна. Затоа што вистината излегува на виделина. Затоа што системот се менува. И затоа што повеќе нема простор за договори што не се реализираат, а чинат милиони.

ДУИ може да напаѓа колку сака. Но фактите ги демантираат. Тие сакале и иницирале раскин. Денес го бранат истито договор. Дволично.
Ние раскинуваме штетни договори. И градиме. Градиме прва електроенергетска врска со Албанија.