Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција, затоа што им се прекинаа старите канали за крадење пари во МЕПСО

ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста. Најевтината понуда ја претставуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста. Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ДДВ. Разликата е 466.630 денари, односно избраната понуда е околу 72 проценти пониска.

Што точно ѝ пречи на ДУИ?
Тоа што е избрана најевтината понуда?
Или тоа што повеќе не можат тие да одлучуваат кој ќе добива тендери?
ДУИ намерно ја меша рамковната вредност со понудената цена. Ова е рамковен договор, не автоматска исплата. Максималната вредност не значи дека ќе се искористи целата сума, ниту дека парите однапред се исплатени. Нарачките се реализираат по потреба, поединечно и според реално извршени работи. Но овој пат по многу пониски цени, за разлика од времето во кое тие управуваа.

Реклама

Затоа нивната конструкција паѓа уште на првиот факт.
Вистинската причина за ова политичко врескање е друга: ДУИ пишти затоа што МЕПСО почна да ги прекинува старите шеми. Пиштат затоа што беше раскинат договорот во кој, според јавните информации, се појавуваше и интересот на Нефи од Охрид, близок на Али Ахмети и Бујар Османи. Пиштат затоа што се отвори прашањето како со години од МЕПСО се влечеле пари преку блиски фирми, блиски луѓе и блиски кругови до врвот на ДУИ.

Наместо да зборуваат за корупција, ДУИ треба да одговори:
Кој имаше интерес од старите договори?
Кој денес ги брани тие шеми?
Зошто пиштат како некој да им брцнал во џебот?

ДУИ нема кредибилитет да зборува за транспарентност. Тие се симбол на партизација, клиентелизам и претворање на јавните претпријатија во партиски плен.

ВЛЕН нема да се повлече пред нивните лаги. Институциите не се приватна сопственост на ДУИ. МЕПСО нема повеќе да биде банкомат за партиски и семејни интереси.

Фактите се јасни: избрана е најевтината понуда, договорот е рамковен, а ДУИ лаже затоа што им се руши системот на контрола и испумпување јавни пари.