Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ

Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?

Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето за наводите поради кои Груби заврши на американската црна листа, а јавноста со право прашува дали Обвинителството воопшто постапува.

Реклама

Нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави, го стави Груби на црната листа поради корупција од високо ниво. Според американските власти, тој и судијата Енвер Беџети примиле поткуп за да го извлечат Сашо Мијалков од затвор.

Артан Груби не е кој било поранешен функционер. Тој е црната кутија на ДУИ. Знае кој ги влечеше конците, кој ги склопуваше зделките и во чии џебови завршуваа парите од коцкарскиот бизнис. Затоа Али Ахмети има причина да спие со едното око отворено, а со другото да го следи Груби.

За да му се тргне маката на Али Ахмети и јавноста да добие јасна слика, ВЛЕН бара од Обвинителството да престане да игра криенка со правдата и јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот „Лотарија“, каде заглавија постапките и дали воопшто презело нешто по наодите на американските власти.