Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Вработени во прилепската болница, осомничени за проневера од неколку милиони денари

Започнува да се одмотува клопчето за недомаќинското работење во прилепската Општа болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнува да се одмотува клопчето за недомаќинското работење во прилепската Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“, а за што ОЈО и Финансиската полиција уште пред нешто повеќе од еден месец извршија претереси на осум локации во градот. Според последните информации од Финансиската полиција, денеска до ОЈО Прилеп се поднесени две Кривични пријави против И.М. и С.Ч. кои во својство на службени лица при установата, се сомничат дека го сториле Кривичното дело – Проневера во службата. Имено, првопријавениот во период од 1.08.2024 до 30.04.2025 и второпријавениот, во истиот временски период, и двајцата во својство на службени лица, а со цел да прибават за себе противправна имотна коорист, во повеќе наврати присвоиле парични средства од Благајната, наплатени од пациентите по основ на париципација и приватни здравствени услуги, за 2024 година во износ од 1.508.452 денари, а за 2025 година во износ од 760.865 денари, односно во вкупен износ од 2.269.317 денари. Од нив првопријавениот противправно присвоил 1.991.240 денари, а додека второпријавениот присвоил 278.077 денари, со што пријавените го оштетли Буџетот на Болницата за вкуниот износ. По насока на ОЈО Прилеп, утринава од страна на слуѓбени лица од Управата за финасиска полиција, едно од лицата е обезбедно и е изведено пред јавниот обвинител за понатамошно постапување, информираат од Финансиската полиција.

   Од прилепското ОЈО ни ја потврдија информацијата, но без да соопштуваат детали, со образложение дека постапката била во тек и поконкретни информации најавија за подоцна.

   „Постапката е во тек. Точно е дека има приведено едно лице, но засега, во интерес на истрата, не сме во можност да споделиме повеќе инфрмации со јавноста, бидејќи се’ уште работиме на случајот“, – кратко ни изјави за Алфа, обвинителката Лидија Салатоска – Илиоска.

Реклама

  И директорот на Болницата, д-р Кире Јоноски, а кој прв укажа на откриените бројни злоупотреби во установата веднаш по неговото преземање на функцијата уште пред повеќе месеци во вкупна вредност од околу 3 милиони евра, ни рече дека јавноста ќе биде навремено информирана, но откако случајот ќе биде комплетиран од страна на ОЈО.

  Инаку, ОЈО Прилеп, на 15 април годинава отвори предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „Злоупотреба за службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на Болницата, пришто Управата за Финансиска полиција, по претходна наредба, тогаш изврши претереси на осум локации низ градот.