Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Водата во Дојранско Езеро одлична за капење според микробиолошките индикатори

Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска.

Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година, а ги извршил ЈЗУ “Центар за јавно здравје” од Велес.

– Врз основа на лабораториските наоди, согласно Правилникот за начинот и мерките  на управување со водите за капење и Уредбата за класификација на водите, како и за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води, анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индиктори е оценета за одлична, велат од Општината. 

Реклама


Според извештаите примероците се земени во втората половина на јули.

Во извештајот се напоменува дека водата на трите мерни места може да се користи за капење и рекреација.

– Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водата од Дојранско Езеро на мерно место “Градска плажа”, и покрај отстапувањата од бараната втора класа на одредени физичко – хемиски параметри кои директно не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето, соодвествува со микробиолошките стандарди за капење, стои во извештајот од “Центар за јавно здравје” од Велес, а истото е наведено и за останатите мерни места од каде се земени примероци на вода. 

Според “Центар за јавно здравје” од Велес, поради видлива пролиферација на алги, појава на пена на брегот, како и количина на биомаса со зеленкаста боја, во извештајот се наведува дека е потребно да се изврши анализа на фито и зоопланктон од страна на ЈНУ “Хидробиолошки завод” од Охрид, за комплетна проценка на безбедноста на водата и нејзината еколошка состојба.