Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Во земјава има недостиг и од задолжителните шествалентни вакцини, наменети за најмладата популација

По задоцнетата набавка на вакцините против Ковид-19, заради што Македонија данокот го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По задоцнетата набавка на вакцините против Ковид-19, заради што Македонија данокот го плаќа со досега речиси 6000 загубени живот, во земјава со месеци недостигаат и задолжителните шестовалентни вакцин за најмладите. Загрижени родители, алармираат дека подолг период не можат да ги вакцинираат своите деца. Велат, неколку пати биле вратени од вакциналните служби, бидејќи вакцини немало, а немало ниту информација кога ќе стигнат.

„Последниве три месеци, некаде 5-6 пати се појдени на вакцина, за жал вратени се, 5-6 пати се вратени, со образложение од страна на вработените во Медицински центар, значи – нема…Станува збор за шестовалентни вакцини кои што треба да ги примат деца во најрана возраст, до 2 години значи“, – ни изјави за Алфа, КОСТА ТОШЕСКИ, дедо на 21-месечен внук.

Револтиран заради ова, Тошески, се обратил и до Министерството за здравство, но одговор оттаму се уште не добил. Тој смета дека ова е крајно неодговорно од државата, бидејќи станува збор за задолжителна имунизација на деца.

Реклама

„Самиот закон кој што државните органи го носат, а не можат истиот да го исполнат, значи тука станува збор за крајно неодговорно однесување“, вели Тошески.

 И директорката на прилепската Болница со проширена надлежност, Кети Смилеска, признава дека вакцините ги нема, но уверува дека истите ќе стигнеле до крајот на второто тромесечие од годинава. Според неа, недостиг имало во сите Здравствени домови.

„Значи, во првото тромесечие вакцините се ставени колку што биле предвидени и порачани. За второ тромесечие немаме, односно имавме 50 и тие биле веќе потрошени и во моментов нема вакцини. Официјално, испратени ни се нас барањата и оваа информација таму ја знаат дека се такви состојбите…Ги чекаме ние до крајот на второто тромесечие да ги добиеме вакцините кои што се планирани за да се стават во второто тромесечие…во завршна фаза е тендерот за набавка на вакцините, во последните законски рокови“ – посочува директорката КЕТИ СМИЛЕСКА.

Инаку, во Прилеп и масовната имунизација против Ковид -19 започна дури пред два дена, иако Прилеп, според бројот на жители е град со најмногу заразени и починати од Корона.

 Каролина Дурло