Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Во завршна фаза изградбата на паркот во штипската населба „Осми Ноември“

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во населбата Осми Ноември,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во населбата Осми Ноември, покрај коритото на река Брегалница. Станува збор за имплементирање на проект од Програмата за меѓугранична соработка со Општина „Гоце Делчев“ од Република Бугарија, со кој се предвидува создавање на повеќе зелени површини, чиста животна средина и нови места за релаксација на граѓаните.

По тој повод увид во гардежните активности извршија министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков.

-Овде на површина од еден хектар се финализира паркот кој е предвиден и кој ќе служи за релаксација на луѓето кои ја користат велосипедско – пешачката патека, со дополнителна содржина, урбана опрема која посакувам да остане и да се сочува. На три позиции се работи, се создава нова зелена површина, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Реклама

Министерот за локална самоуправа, Перински вели дека проектот е од големо значење и за граѓаните, бидејќи се работи на создавање повеќе зелени површини.

-Навистина многу значаен проект за штипјани затоа што се третира една најакутна тема, а тоа е заштитата на животната средина, вели Пирински.

Носител на проектот е Центарот за развој на ИПР, и од таму истакнаа дека во наредниот период ќе има иницијативи за повеќе зелени површини во сите општините од истокот.

-Центарот за развој на ИПР со овој проект покренува десетгодишна регионална стратегија за зелена инфраструктура, и како да се трансферираат зелените делови во урбана инфраструктура, со што ќе се градат паркови и други зелени површини, рече Здравков.

Ова е еден од трите паркови површини коишто се реалзираат и имплементираат преку ИПА 3 Програмата за меѓугранична  соработка.