Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во завршна фаза изградбата на централна кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во завршните градежни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во завршните градежни активности за изградба на нова централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“, објект кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција.

Станува збор за современ простор со вкупна површина од 300 квадратни метри на две нивоа. На долниот кат, ќе се наоѓа кујната, којашто ќе има капацитет за подготовка на повеќе од 600 оброци дневно, додека горното ниво ќе се користи како магацински простор. Покрај потребите на детската градинка, со пуштање во употреба на оваа централна кујна ќе се обезбедуваат оброци и за основните училишта во општината кои имаат продолжен дневен престој.

-Со реализацијата на овој проект се создаваат услови и за проширување на капацитетот на градинката, бидејќи постојната кујна ќе биде пренаменета во две нови занимални. На тој начин ќе се овозможи згрижување на дополнителни 50 деца, со што вкупниот капацитет на градинката ќе достигне 650 дечиња, информираат од локалната самоуправа.

Реклама

Изградбата на новата централна кујна, додаваат, е дел од пошироката стратегија на Општина Илинден за унапредување на раниот детски развој и подобрување на условите за воспитно-образовна дејност. Во изминатиот период, општината реализираше низа значајни проекти во градинката „Гоце Делчев“, меѓу кои доградба на градинката во вкупна површина од 300 квадратни метри, реконструкција на кровната конструкција, целосно уредување на дворното и хортикултурното опкружување со нови детски реквизити, како и набавка на современа опрема.

-Општина Илинден и во иднина ќе продолжи со имплементација на проекти кои обезбедуваат долгорочен и конкретен придонес во развојот на образованието, здравството, социјалната заштита и инфраструктурата, во интерес на сите граѓани, нагласуваат од локалната самоуправа.