Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5  отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708 698 се вработени, а 90 020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката на невработеност 11,3.

Од вкупниот број на невработените лица, 63,6  отсто се мажи, а 36,4  отсто жени. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1 процент. Од вкупниот број вработени,  57,7 отсто се мажи, а 42,3 отсто жени.

Во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101 022 лица, што претставува зголемување од 7,2 проценти во однос на претходното тримесечје.

Реклама

-Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51 487 лица, или 51 отсто од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17,2  отсто од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност, посочуваат од ДЗС.