Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во Туминец, Мала Преспа, на 10 мај посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај

Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, во Туминец,  на 10 мај организираат посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај.

-На 10-ти мај, гордото Туминец ќе биде центарот на македонскиот дух. Организацискиот одбор упатува покана до сите, кои имаат можност, дека се добредојдени  на свеченото откривање на споменикот посветен на македонските херои од овој крај,  оние кои се вградија во нашата историја и опстојување, рече Едмонд Темелко од организацискиот одбор.

Додава дека е предвидено свечено откривање на споменикот од страна на ктиторот, претседателот на македонската Влада,  Христијан Мицкоски, за што изразуваат голема благодарност, по што ќе следува богата културно-уметничка програма и традиционален македонски панаѓур.

Реклама


-Овој чин е повеќе од настан – тоа е порака за единство, за враќање на достоинството и потврда на нераскинливата врска со татковината, Македонија. Посакувам да дојдеме во што поголем број, достоинствено да им оддадеме почит на нашите предци и гласно да покажеме дека македонскиот дух живее, посочува Темелко, претседател на Македонското друштво “Преспа” и поранешен градоначалник на Општина Пустец, во три мандати.

На брегот на Преспанско Езеро распослани се девет населени места, Туминец е второ по големина во областа.