Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Се гради нов паркинг простор во центарот на Штип

Во близина на Трговскиот центар во Штип од денеска почна изградбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во близина на Трговскиот центар во Штип од денеска почна изградбата на новиот паркинг простор. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на прес-конференцијата истакна дека ова е просторот, каде што во стари куќи беа населени бездомници, а Општината претходно се погрижи и за нивното домување. 

-Успеавме да го исчистиме овој простор во централното градско подрачје, за да веќе денес се започнат работни активности за уредување на оваа површина. Повеќе од 35 паркинг позиции е површината на која што се уредува со павер елементи, осветлување, поставување на соодветна урбана опрема за овозможување на повеќе паркинг места во централното градско подрачје. Тоа ќе биде во првата фаза во овој момент која се реализира со нешто повеќе од еден милион денари издвоени од буџетот на општина Штип – рече Јорданов. 

Тој најави дека во втората фаза се предвидува изградба на уште едно ниво за паркирање, со што двојно ќе се зголеми просторот за паркирање на возилата. 

Реклама

-Би се обезбедиле дупло повеќе паркинг места, некаде околу 70 возила, за да можат на оваа површина да се паркираат и со тоа во централното градско подрачје да обезбедиме нови паркинг позиции, како потреба на денешното живеење – вели Јорданов.

Тој додаде дека како општина нема да застане со изградба на нови паркинг површини и катни гаражи. По завршувањето на овој проект ќе започнат со уредување на просторот зад зградата на општина Штип. 

-Наредна цел е една локација позади административната зграда на општина Штип да ја уредиме со неколку нивоа на паркирање и да овозможиме нова површина за паркирање и на тој начин да се намали притисокот и потребата на граѓаните во одреден период од денот во центарот на градот – вели Јорданов.