Во секоја пристојна демократија, опозицијата бара предвремени избори. Доколку опозицијата побара, ние тоа задоволство ќе и го пружиме, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во гостување на една од националните телевизии, Николоски го повтори ставот на Владата дека преферираат да има редовни избори во 2028 година за да има предвидливост и бизнисот и проектите што се реализираат.
– Ние сметаме дека е потребно да имаме целосен мандат, со цел да има предвидливост и бизнисот и проектите – рече Николоски.
Она што го бараат Левица и Али Ахмети, според Николоски, е несериозна работа.

