Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Македонија, Алпер Акташ, на која, како што објави, разговарале за унапредување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството.
Како што информираше Мицкоски, на средбата било разговарано за продлабочување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес.

– Македонија и Турција имаат долготрајно пријателство, кое продолжуваме да го развиваме преку меѓусебна почит, доверба и соработка – објави Мицкоски на Фејсбук.

