Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Во тек втората фаза од рехабилитацијата на патот Велебрдо – Требиште

Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во правец на подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во правец на подобрување на локалната патна инфраструктура. Во моментов, активно се спроведува втората фаза од проектот за рехабилитација, санирање и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Велебрдо и Требиште – информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината. 
 
Со текот на работите денеска попладне се запознаа  градоначалникот  Онер Јакупоски, заедно со членот на Советот на општината Адмир Арслани. 
 
Искажаа задоволство од динамиката и квалитетот на работите нагласувајќи го значењето на овој проект и посветеноста на локалната самоуправа кон рамномерен развој на сите населени места. 
 
-Наш врвен приоритет останува подобрувањето на условите за живот на сите граѓани, без разлика во кое населено место живеат. Со рехабилитацијата на патот од  Велебрдо кон Требиште, решаваме уште еден проблем и докажуваме дека интензивно работиме на подобрување на локалната инфраструктура во секој дел од нашата општина – изјави Јакупоски. 


 Освен овој, во тек на реализација се уште неколку капитални проекти, меѓу кои изградбата на нов резервоар за вода за пиење во Ростуше и реконструкцијата на спортската сала „Македонија”.