Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци

Државниот пазарен инспекторат започна вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат започна вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци со цел да се следи патот на лекувањето и да се утврди дали станува збор за некаков пропуст или грешка.

Инспекторите влегле во приватната здравствена установа каде детето имало избран матичен лекар, во општата болница во Кавадарци, каде било лекувано, и во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје каде била констатирана смртта. Инаку, родителите на детето изјавија дека во болницата во Кавадарци не била сфатена сериозно состојбата на детето и побараа да се испита можно постоење на лекарска грешка. „Нашето синче ни почина во раце, а се сомневаме дека нашата ситуација не беше сфатена доволно сериозно“, изјави таткото за МИА.

Според неговото сведоштво, во вторникот рано наутро, околу 2.40 часот, сопругата го разбудила со зборовите дека нивниот син не се чувствува добро. Веднаш побарале помош во општата болница во Кавадарци, но велат дека интервенцијата била недоволна, па детето било пренесено кон Скопје. Од полицијата пак соопштија дека во 3 часот наутро, детето било однесено во општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што во 8.45 часот била констатирана смрт.