Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Во Струмица се одржа Агро саем, прогласени најдобрите млади и жени фармери

Катерина Трајкова од Велес и Славица Малинова од Куклиш, струмичко, се прогласени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катерина Трајкова од Велес и Славица Малинова од Куклиш, струмичко, се прогласени за најдобри жени фармери на петтото издание на манифестацијата „Агро саем Струмица 2025“ што се одржа денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица на кој беа изложени голем број земјоделски производи и земјоделска механизација. Наградата за најдобар млад фармер им беше доделена на Васил Гавровски од Босилово, Кристина Тодорова од Неготино и Ристе Гоцевски од Моноспитово.

Саемот го организираше здружението „Проагро фармери“ од Струмица и според претседателот Борче Јанев целта на оваа манифестација е поддршка на домашното земјоделско производство, да се подигне свеста за домашно произведената храна и да се купуваат македонски производи.

-Целта на саемот е да го промовираме домашното производство, додека посетителите сакаме да ги поттикнеме да купуваат домашни производи, да ги запознаат домашните производители, локални херои, производители на храна, да ги слушнат нивните приказни, да ги вкусат нивните производи, а нам ни останува да купуваме македонски производи, рече Јанев.

Реклама

Манифестацијата за отворена ја прогласи заменик градоначалничката на Струмица, Елена Магеровска Паликарово.

-Струмичкиот е еден од најголемите земјоделски региони во Македонија, а со оваа саемска манифестација потврдува дека е и еден од најголемите поддржувачи и поттикнувачи на домашното производство на храна, затоа што нашето поднебје ги има сите услови за производство со врвен квалитет. Да си го цениме и промовираме домашното производство, да ги поддржуваме домашните производители, да го јакнеме економскиот развој од кој бенефит ќе имаме сите ние заедно, истакна Магеровска Паликарова.

На саемот беа прогласени и најдобрите производители на мед од Балканот, а манифестацијата се одржа со финансиски помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Струмица.