Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Во Струмица почнува тридневен Саем на социјални иновации

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), во соработка со канцеларијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ, од денеска до 19 декември го организира UPSHIFT Саемот на социјални иновации кој ќе се одржи во Струмица.

Како што информираат организаторите, на настанот ќе учествуваат 28 тимови од средни училишта од различни градови низ државата, како и претставници од 13 средни училишта од Скопје, кои ќе ги презентираат своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина.

-Учесниците претходно поминаа низ интерактивен UPSHIFT процес и локални натпревари на кои беа избрани најдобрите идеи за подобрување на училиштата и локалната заедница. На саемот ќе бидат претставени конкретни ученички проекти со потенцијал за локална имплементација, се наведува во информацијата и поканата за настанот.

Реклама

Инаку, UPSHIFT е програма за социјални иновации која ги поттикнува младите активно да идентификуваат реални проблеми и да развиваат одржливи решенија. Програмата се реализира во партнерство со Бирото за развој на образованието, а преку овој проект започнува процес на интеграција на програмата во наставната програма во средните училишта.